Од:

Ќе се отвара гласачка кутија во ДИК

Само еден приговор е прифатен да се разгледува од вкупно осум коишто политичката партија БЕСА ги достави до Државната изборна комисија, а кои што се разгледуваат на денешната седница.

Претседателот Чичаковски ја задолжи службата на ДИК да ја донесат конкретната гласачка кутија на којашто се однесува приговорот, какои и претседателите на избирачкиот одбор и на општински изборни комисии. Овој приговор на БЕСА се однесува на тоа дека на гласач му било оневозможено да гласа поради тоа што претходно некој веќе го искористил неговото право и бил потпишан во списокот.

По паузата од еден час претставниците на избирачкиот одбор и на општинската изборна комисија ќе треба јавно да сведочат и да присуствуваат на отворањето на гласачката кутија.

Инаку, овој проблем е заведен и во записникот на општинската изборна комисија во избирачко место во Гостивар.