Од:

Ќе се вештачи потписот на Фатиме Сулејмани

Со шест гласа за и три против беше прифатен предлогот на претседателот на ДИК, Александар Чичаковски потписот на Фатиме Сулејмани да биде даден на вештачење за да се утврди дали таа сакала два пати да гласа на 11-ти декември.

Фатиме Сулејмани е името на жената која дојде да сведочи дека и било оневозможено правото на глас, по што дополнително во расправија влегоа членовите на Државната изборна комисија на јавната седница која е во тек.

Дали ДИК ќе го уважи приговорот на БЕСА кој се однесува на потписот на Фатиме Сулејмани, ќе се знае откако ќе пристигнат резултатите од вештакот.

За овој предлог гласаа и членовите предложени од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, потпретседателот Резеп Прекопуца и членовите на ИК предложение од ДУИ и ДПА, Субхи Јакупи и Бедредин Ибраими. Против овој предлог беа членовите предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашко Срцев и независниот член Атанас Урумов.

Бонева претходно побара Фатиме Сулејмани да се подложи на полиграфско испитување, за да се утврдела вистината, но предлогот не и беше прифатен.

Седницата на ДИК трае цел ден, а се уште не е започнато разгледувањето на приговорите на СДСМ, која поднесе осум приговори. Претходно беа отфрлени седум приговори на партијата БЕСА а расправата за последниот е во тек.



Comments are closed.