Од:

Керим недостапен за штрајкувачите од МПМ

Ништо не е променето во односот помеѓу новинарите и медиумските работници на весниците „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“ со првиот човек на МПМ, Срѓан Керим.

Ветувањата од минатиот петок, кој Керим им ги даде на новинарите кои пред еден месец започнаа со штрајк не се исполнети.

– Единствено што е ново што денеска е втор ден од штрајкот кој трае 8 часа, вели Љубиша Станковиќ, претседател на синдикатот на Утрински.

Весниците утрово излегоа преполовени и Станковиќ вели, тие се изработуваат од оние кои не штрајкуваат и надополнуваат содржина со сервисни информации.

– Одговор до сега од никого немаме добиено. Минатиот петок беше последната средба со Керим но се она што рекол до сега не е исполнето. И да пуштат плата, ние бараме спогодба за штрајкот. Кај нас се е транспарентно и нашите чекори не се напамет и со мускули, и напротив се е според законот, вели тој.

Симболично пред влезот на раководството во МПМ, тие денес поставија флаери и листови со пораки дека се работи за егзистенцијално прашање, односно за плати кои ги заработиле.

Камчев и Станисављева го напуштија МПМ пред генералниот штрајк

Штрајкот во МПМ трае речиси еден месец. Вработените се без здравствено осигурување. Штрајкуваат новинарите и техничкиот персонал од „Дневник“, „Вест“ и од „Утрински весник“, кои не пишуваат текстови.