Од:

Кина го девалвираше јуанот поради растечкиот долар

Кина ја намали вредноста на домашната валута (јуан) спрема доларот, бидејќи растечкиот долар вршел притисок на кинеската валута.

Народната банка на Кина го утврдила курсот на јуанот, познат и под името ренминби, на ниво од 6,9085 јуани за долар, што е за 0,26 отсто пониско во однос на досегашниот курс.

Доларот скокна на 14-годишен максимум, бидејќи пазарите очекуваат дека американската Управа на федерални резерви ФЕД наредниот месец ќе ги подигне каматните стапки.

Кина го регулира курсот на својата валута во согласност со правилникот кој дозволува отстапки од два отсто дневно.