Од:

Кинески истражувачи телепортираа фотон од Земјата во орбитата

Истражувачи од Кина за прв пат во историјата телепортираа фотон од пустината Гоби кон сателит кој се движи 500 километри над Земјата.

Според објаснувањето објавено од Би-Би-Си, телепортирањето успеало преку квантно испреплетување, процес каде што две честички реагираат помеѓу нив без да има физички допир.

Професорот по експериментална физика од универзитетот во Оксфорд, Иан Волмсли, објаснува како функционира квантното испреплетување и како истата може да биде искористена.

– Не се транспортира објект, туку информација. Се менува информацијата во фотонот кој е во сателитот со информацијата од фотонот кој се наоѓа на Земјата, вели тој.

Тој го споредува телепортирањето на фотонот со начинот на кој функционираат безбедните комуникации низ светот преку датабаза која е наречена „клауд“ што значи дека е во некаков виртуелен простор а не во конкретно седиште на територија на Земјата.