Од:

Кирацовски: Еден милион евра префрлени незаконски

Околу еден милион евра народни пари биле префрлени на сметка на фирмата „Виста Груп“, за проектот Интероперабилност, иако фирмата не го испочитувала Договорот склучен со Министерството за информатичко оштество, обвини денеска дополнителниот заменик министер Александар Кирацовски. Според Кирацовски екс министерот Иво Ивановски дозволил парите да бидат префрлени на компанија блиска до фамилијата на власт.  Станува збор за проектот што беше помпезно најавуван т.е. систем за меѓусебна размена на податоци помеѓу државните институции, за кој Кирацовски покажа документи.

„Скандалот е толку голем што за овој срамен криминал биле свесни сите во министерството и во останатите институции вклучени во проектот, па и Владата.Но како добро организирано злосторничко здружување, наместо да ги отстранат неправилностите или да ги информираат органите на прогон, тие пробале тоа добро да го затскријат со доверливи и тајни документации, реорганизација на работењето и нови дополнителни инвестиции за спроведување на веќе исплатениот проект“, изјави Кирацовски.