Од:

Класика во четвртфинале во ЛШ: Јуве со Барса, Баерн на Реал М.

Јувентус против Барселона во реприза на финалето од 2015 година и Баерн Минхен против Реал Мадрид се двете фудбалски класики што н` очекуваат во четврт-финалето во Лигата на шампиони. Во останатите две пресметки ќе играат Атлетико Мадрид – Лестер и Борусија Дортмунд – Монако.

Првите мечеви се закажани на 11/12 април, реваншите се седум дена подоцна. „Кралевите“ и Баварците по третпат ќе се судрат во нокаут фазата во ЛШ во последните 10 години. Досега двапати играа во полуфинале пришто по еднаш успеаја да се пробијат до големото финале.

Пресметката меѓу „старата“ дама и Каталонците е реприза на финалето од 2015 година. Ефикасни 180 минути се очекуваат да понудат двете други двојки, особено меѓу бундеслигашот и Монако, екипи кои негуваат напаѓачки фудбал.

Лига на шампиони

Двојки, четврт-финале

Атлетико Мадрид – Лестер

Борусија Дортмунд – Монако

Баерн Минхен – Реал Мадрид

Јувентус – Барселона

Термини за првите мечеви се 11/12 април, реваншите се седум дена подоцна