Од:

Клоп сурово искрен: Харт не е голман за Ливерпул

Јирген Клоп ги демантира пишувањата во одредени англиски медиуми за можен трансфер на Џо Харт во Ливерпул во летниот преоден рок. Дел од нив најавија дека клубот од „Енфилд“ изготвил и понуда вредна 24 милиони евра за голманот на Сити кој моментно брани како позајмен во Торино.

„Тој е одличен голман. Поседува висок квалитет, но не е за нас во овој период ниту, пак, во иднина“, изјави германскиот менаџер на клупата на „црвените“ додавајќи дека е задоволен од Симон Мињоле и Лори Кариус како конкуренција за место меѓу стативите.

Харт е незадоволен од својот статус во Сити и најави дека дефинитивно ќе замине од „Етихад“ на лето. Во изјава за „Би-Би-Си“ во минатиот месец се нарече „вишок“ во составот на Пеп Гвардиола и дека повеќе не се гледа како дел од „граѓаните“.

Лани во август беше проследен на позајмица во Торино, но Синиша Михајловиќ, тренер на калчолигашот, неодамна призна дека клубот не може да си дозволи трансфер на Харт од финансиски причини.