Од:

Коалицијата предводена од САД за прв пат сруши воен авион на Сирија

Борбен авион на коалицијата предводена од САД за прв пат собори авион на војската на Сирија во провинцијата Рака.

Според Пентагон, се работи за самоодбрана, бидејќи авионот на Сирија фрлил неколку бомби близу базата на опонентите на Башар Ал-Асад кои се поддржани од Америка.

Сирија го осуди нападот нарекувајќи го “флагрантен напад“ кои ќе остави длабоки траги.

САД веќе ги има нападнато силите на Асад на копно откако влегоа во зона заштитена од САД.

Како што е посочено на државната телевизија во Сирија, армијата соопштила дека срушениот авион се борел против џихадистите на ИСИС кога бил нападнат а не против бунтовниците кои Америка ги поддржува.

– Овој флагрантен напад е со цел да ги деминира напорите на армијата  да го “скрши“ тероризмот на своја почва, се вели во сооштението на сиријската армија.

Со писмено соопштение се јави и рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, кој со Путин го поддржуваат Башар Ал-Асад.

– Сите држави треба целосно да го почитуваат суверенитетот и интегритетот на сиријската територија, се вели во реакцијата ан Лавров.

Сергеј Ријабков, заменикот на Лавров пак, вели овој инцидент е акт на агресија со кој се прекршени меѓународните закони.



Comments are closed.