Од:

Кога премиерот Џастин Трудо го запозна бебето Џастин Трудо

Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера имаше прилика да го запознае бебето со исто име и презиме како неговото, син на бегалци од Сирија кои му го дале името како благодарност до првиот човек на Канада за тоа што ги примил во земјата.

Целосното име на бебето кое има само два месеца е Џастин Трудо Адам Билан, кое при првата средба за кратко се најде во рацете на Премиерот.

Младиот Трудо доаѓа на овој свет неколку месеци откако неговите родители успеале од Сирија да стигнат во Канада.

Помеѓу ноември 2015 година и јануари 2017 година, над 40.000 бегалци од Сирија го нашле својот дом во Канада.

Во јануари годинава, кога Доналд Трамп ја објави забраната за седум претежно муслимански земји, Трудо на социјалните мрежи објави порака дека Канада ќе им помогне на сите оние кои бегаат од прогон, тероризам и војна.