Од:

Кои се француските претседателски кандидати Ле Пен и Макрон?

Марин Ле Пен е најмладата ќерка на Жан-Мари Ле Пен, лидерот на Националниот фронт,  кој низ годините ја скандализираше и плашеше светската јавност со својата ужасно екстремно десна реторика. Минатата година повтори една стара антисемитска клевета  – дека нацистичките гасни комори се “детал на историјата”.

Израснувајќи во  политички дом, неговата ќерка, денешната кандидатка за претседател, започнува да му се придружува на својот татко на состаноците на возраст од 13 години. Токму заради своето искуство , школата која ја има поминато на млади години,  внимателното следење на сопствениот татко, Марин Ле Пен секогаш се бореше да се ослободи од екстремно десничарската етикета.

Марин Ле Пен немаше друг избор- едноставно ги отфрли екстремните коментари на нејзиниот татко во 2015 година и ефикасно  го исфрли  од партијата, со што му ја запечати политичката иднина.

Таа мораше да направи се да се дистанцира од него, ако веќе не можеше да ги избрише и уништи доказите за опасните тези на нејзиниот татко беше лидер. Тогаш ФН беше партија која сакаше да депортира три милиони странци, партија на негирање на холокаустот и на ксенофобија. Но, под палката на Марин Ле Пен, ФН започна да се детоксицира од вакви контроверзни прашања.

Чекорот на прочистување се покажа како вистински потег, конечно сетете се на анкетите на ФН – тие забрзано им се насмевнуваа- од 18% во 2010 година се зголемија на околу 24% денес.

Сепак, ако гласачите ги прашате,  тие ги сместуваат ФН и Марин Ле Пен далеку повеќе на десно од останатите партии.

Политичките ставови на Ле Пен за некои прашања омекнуваат

Во 2017, Манифестот на Националниот фронт ја обновува посветеноста на големо намалување на легалната имиграција. Ле Пен вели дека француското државјанство треба да биде “или наследно или заслужено.” Што се однесува до и илегалните имигранти, тие  “немаат никаква причина да останат во Франција, и тие луѓе го прекршиле законот онаа минута кога стапнале на француската почва”.

Сепак, овој екстремно десничарски  став не е многу различен од оној на кандидатот на десниот центар Франсоа Фијон – кој бараше намалување на имиграцијата. Конечно, кога беше избран како кандидат на Републиканците уживаше мала предност во однос на Ле Пен во анкетите. Тој не  преживеа во првиот круг, откако доживеа штета откако излезе скандалот со наводно несоодветно употребување државни средства.

Сепак, Марин Ле Пен се откажа од екстремните ставови и прифати неколку исклучително важни човекови права: абортус без поставување услови, граѓанска заедница на истополови партнери и конечно- ја напушти платформата на нејзината партија за воведување смртна казна. Во економската политика е тврда- таа е за протекционизам како алтернатива на слободниот пазар, поддржува економски национализам, се спротвставува на европскиот супранационализам и федерализам, ја повикува Франција да се повлече од еврозоната, најавува референдум за  членството во ЕУ.

Таа го опиша британското гласање за Брегзит како најзначаен настан по падот на Берлинскиот ѕид, додека  победата на изборите на Доналд Трамп на САД како “дополнителен камен во изградбата на новиот свет”.

Марин Ле Пен, лидерката на францускиот Национален фронт (ФН) се бори да постигне сличен земјотрес во Франција на претседателските избори.

Емануел Макрон- најголемото изненадување на овие избори

Емануел Макрон стори нешто што е незамисливо- ги отфрли довчерашните фаворити, особено политичките партии- десницата и левицата и се наметна како центрист кој има огромни шанси да ја креира иднината на Франција и оттука на Европа. Не доби поддршка од ниту една партија и формираше свое движење- Напред, со кое ги засени старите, но  очигледно во очите на гласачите- истрошени- кадри на Републиканците и Социјалистите.

Неговото евентуално седнување во претседателската фотелја би донело олеснување во воздишката на про-европската политика. Макрон е со либерални ставови, но сепак е за мерки кои се пријателски настроени кон бизнисот, за да се поттикне економската моќ. Застапува зголемување на буџетот во полицијата и одбраната, но што се однесува до имигрантската политика, апсолутно е на спротивната страна од Марин Ле Пен, повторувајќи постојано дека оваа популација мора да се интегрира а не да биде истерана, во име на хуманоста и човечноста.

Макрон доаѓа како министер за финансии и економија од Социјалистичката партија, а во кабинетот на Мануел Валс поднесува оставка во август 2016, како најава за негова претседателска кандидатура. Она што му дава дополнителна сила се поддршката на Јункер и Обама, додека Ангела Меркел му посака се најдобро преку нејзиниот портпарол, откако соопштението на Јункер стана јавно.

Неговиот приватен живот стана мета на таблодите- особено задоволство за жолтиот печат е бракот со 24-годишната Брижит Труањ, негова поранешна професорка по драма. Но, она што изгледаше разочарувачки во контекст на таблодизација на политиката е изјавата на Марин Ле Пен за време на ТВ дебатата со Макрон- да не ја  игра играта професор- ученик, едноставно не сум за такви игри, изјави Ле Пен.