Од:

Кои се предизвиците пред новиот француски претседател

Емануел Макрон, новиот француски претседател вети дека ќе работи за сите, без разлика на партиската провиненција или националност, а токму заради тоа и програмата има и леви и десни политики.
Она што е предизвик пред Макрон се неколку точки, но економските му се сега во фокусот: невработеност, станува збор за 10%, а има планови таа да се намали на 7%, потоа јавната потрошувачка- 56% на ГДП, во споредба со 44% на Германија или пак 39% на Велика Британија и нискиот економски развој. Пред него е и задача да ги поттикне инвестициите и да креира нов модел на развој, кој би бил добар за општествената подвижност и животната средина.

Неговиот голем инвестициски план во кој би вложил се вештини и тренинг, еколошки реформи, агрикултура, здравство, јавна инфраструктура и модернизирани сервиси.


Според најавите, тој нема да го менува 35 часовното работно време, но затоа претстои флексибилност во законската рамка на работничките права, со што ќе им биде овозможено на фирмите да преговараат со вработените за работното време и платите.
Но, исто така Макрон вети дека ќе им помогне на бизнисмените, со кратење на корпоративниот данок од 33% на 25%, но исто така во плановите му стои потрошувачката моќ на граѓаните- да се поттикне, со кратење на доприносот на социјално осигурување, која изнесува 500 евра за месечна плата од 2.200 евра.
Неговите визии за европските финансиски политики се однесуваат на концентрирање на еврозоната- буџетот да биде одделен, со министер за финансии и Парламент на 19 земји кои го користат еврото.
Пред Макрон е најважниот предизвик- да ја убеди Германија за реформи на еврозоната, затоа што само така тој ќе има можност да ги реализира своите ветувања за време на кампањата.