Од:

Кој е Урко – најпознатиот телохранител во Македонија

Дејан Митровски – Урко, долгогодишната верна сенка на екс-премиерот Никола Груевски, сега е во центарот на вниманието на јавноста како учесник во тешката сообраќајна несреќа во Кисела Вода.

Повреденото 22-годишно момче кое го управувало моторот се уште е во тешка состојба и се бори за живот, а Митровски, кој ја предизвикал сообраќајката, се соочува со истрага од Јавното обвинителство.

Урко, 43-годишен, две години беше во “илегала“, откако во септември 2014 година беше суспендиран од работната позиција – шеф на обезбедувањето на тогашниот премиер Груевски. Тој го штитеше Груевски цели 15 години, почнувајќи од 1999 година кога тој беше избран за министер за финансии, а во 2006 кога ВМРО-ДПМНЕ ја освои власта, Урко стана телохранителот број 1 на Груевски.

Кога пред две години Митровски беше сменет од позицијата, медиумите објавија дека причина за суспендирањето била недоволна посветеност и непочитување на професионалните стандарди поврзани со угледот на вработениот, како и поради намален фокус на обврските.

urkoМитровски по повлекувањето од ударната безбедносна позиција на Груевски и натаму е вработен во Шестата управа, но не е во “кремот“, ниту пак е видлив при извршувањето на неговите работни задачи. Тој истовремено е посветен и на неговиот семеен бизнис, клубот за вежбање „Магнус“.

Неговото име во изминатата деценија и половина неколку пати се појавувало во јавноста. Тој додека го обезбедуваше Груевски, истовремено имаше и агенција за обезбедување „Лупус“, со која раководеше неговата сопруга. Агенцијата за кусо време стана една од водечките, ги потисна другите и им зема голем дел од бизнисот.

Така беше се до основањето на агенцијата СГС, која го презеде приматот и почна да ги добива тендерите за обезбедување на голем дел од државните институции, но и приватни компании. Агенцијата СГС се поврзува со поранешниот шеф на УБК и прв братучед на Груевски, Сашо Мијалков.

Превласта во овој бизнис била една од причините за судир меѓу Урко и Мијалков. Во една од бомбите на СДСМ беше објавен разговор меѓу нив двајца, во кој Мијалков го кара Урко дека зборувал за СГС, а неговите муабети стигнувале до СДСМ.

Разговор помеѓу Дејан Митревски Урко и Сашо Мијалков

ДМ: Да, шеф?
СМ: Што праиш Урко?
ДМ: Еве сега се облакам дома, па ќе идам накај…
СМ: А бе, вчера немав време да ти се јавам. Тоа во Фокус, виде ли таму што пишуе бе…
ДМ: Ајде бе, не ни читам.
СМ: Знаеш ли сега што направија твоите глупости. Гледаш ли сега?
ДМ: Е што направив бе шеф?
СМ: Е, што направи. Како што направи? Напраи затоа што таму у почеток збореше. Вака ќе правам, така ќе правам, по луѓе збориш. Доаѓа до ушите на СДС.
ДМ: А, што сум зборел, вака ќе праам, така ќе праам?
СМ: Ги напаѓам тие СГС, ќе видат, ќе ова, ќе она…Е од таму се тие муабети, да знаеш.
ДМ: Нема врска, не држи вода. Некој ти го кажал ова. Никогаш не сум спомнал за СГС, поготово и од тоа се тргам, нити планирам, нити сакам контра тебе ја во некој поглед да бидам. Ова е глупо што некој го збори и го мисли, мене ме мести цело време. А, цело време масло е на Верче и на Рамче. Што е ова.

urko 2

Фото: Фокус

Името на Урко се појави и во бомбата на СДСМ за убиството на Мартин Нешковски во 2011 година. Веднаш по убиството, за него разговараат екс министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска и поранешниот премиер Никола Груевски, кој уште тогаш размислувал да го смени од функцијата.

Разговор меѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

Јанкулоска: Мора да ги стегнеме, мислам принципиелно некои работи…
Груевски: Не знам што више да стегнам, што не сум им кажал, што не сум му напраил на овој Урко, едино да го сменам од функција…
Јанкулоска: Ги стегам и јас, мислам, ја вака понекогаш…
Груевски: Као Циган лаже, лаже као Циган…
Јанкулоска: Мене, значи, највише тоа ме извади од такт, да не ја замајуваат целава работа, ќе ја расчистевме многу брзо, значи замислете они вечерта со записникот, пошо мене никој не може да ме убеди дека така случајно е напраен записникот… падна, стана, ова она беше како непознато лице пронајдено, а овој Спасев е прв на лице место таму, значи ние правилен записник да имавме, ќе ја фатевме здраво работава, немаше ни да дојде до овде. Коа се дигна галама, коа притиснавме, ааа па не беше баш така, па го удрил, па паднал, на кабелот се сопнал… Мислам, ко мали деца да сме… Башка што ја викам добро, овие комуњариве крештат, ама некои принципиелни прашања не ги поставуваат… Како бе може со усна наредна специјалец да иде на работа?
Груевски: Не може…

Во друг разговор меѓу Јанкулоска и шефот на кабинетот на Груевски,  Мартин Протуѓер, повторно тема на разговор беше Урко, за инцидент во кој припадници на безбедносните служби претепале 20-тина луѓе пред ноќен клуб.

„Груевски го имал Урко, а Мијалков го имал Утка кој бил локален шериф во Струга за време на изборите“, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер

МП: Ало.
ГЈ: Еј, кажи бе Мартин.
МП: Знаеш ли што направил пред три дена овој…
ГЈ: Кој?
МП: Па најмногу што го збориме…Хммм.
ГЈ: Таткото? А не, Хммм… ха, ха. Е шо?
МП: Таму навредиле некој негова блиска личност на врата, сакала да влезе, ја навредиле. И овој идење со екипа, 20 души, вадење цел персонал. Вадење вратаритее, дробење од ќотек. Врзување со лисици за дрвото пред клубот.
ГЈ: Цццц, лелееее. Како бе така?
МП: Да, да, да, да.
ГЈ: Што збориш бе? Ова знае некој за ова?
МП: Прашање на време е, кога ќе се расшири низ градот.
ГЈ: Лелееее.
МП: Низ цел град се збори више. Да. Го фатил, овој нашиов го фатил тој таму најгласен што бил во навредите, во ова, го однел у WC, и го здробил.
ГЈ: Лелеее.
МП: Значи тој е здробен.
ГЈ: Добро бе, како…
МП: А тие, тие од волците биле, тие што, од противничката екипа.
ГЈ: Тепаниве?
МП: Да, да.
ГЈ: Цццц.

Митровски беше актуелен во медиумите и во мај 2012 година, кога стана магистер по меѓународна политика на Европскиот универзитет.

 



Comments are closed.