Од:

Колку Груевски трошел на хотели и ручеци како премиер е државна тајна

Колку пари потрошил Никола Груевски во последните пет години од својот мандат на премиер на патувања, хотели, авиони, ресторани – на ова прашање НОВАТВ сакаше да добие одговор од Владата на РМ користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Од нив побаравме да ни достават патни налози, изводи од службените картички, пресметки на службени дневници, фактури од авиони и хотели, фискални сметки за сите угостителски услуги кои биле платени од народните пари. Тие не одбија тврдеќи дека тоа е класифицирана информација со степен „интерно“, дека направиле тест на штетност и дека истиот тој утврди дела доколку се обелодени пред граѓаните колку пари не чинеле трошоците за рестарани, авиони и хотели, ќе настанеле штетни последици по државата и луѓето.