Од:

Командант Соколи: Власта го исценира случајот во Дива Населба

Мартонскиот судски проце за обвинетите во случајот Кумановска Дива населба стартува со сведочења за престрелките на 9 и 10 мај 2015 година. Сами Укшини, познат како командант Соколи во својот исказ кажа дека Мирсад Ндрецај и Бег Ризај биле организатори на настанот, тврдејќи дека неговото вклучување во групата било со цел да ги убеди двајцата да се повлечат од замислата, а убиените полицајци биле жртви на нивните колеги.

Командант Соколи изјави дека не се чувствува виновен за кривичното дело и оти не го прифаќа обвинението за тероризам. Тој рече дека мисија на кумановската група била реализација на Охридскиот рамковен договор. На крајот на сведочењето, Соколи ја обвини владата дека го инсценирала случајот, но не спомена конкретни имиња. Судењето треба да продолжи на 23 февруари кога ќе сведочи обвинетиот Мухамед Красниќи, познат како командант Малишева.