Од:

Комисија на УНЕСКО во инспекција на Охрид

Од  денеска комисија на УНЕСКО е во контрола на Охрид.

Според најавите, странските експерти ќе пристигнат попладнево, а од утре  ќе вршат увид на повеќе проекти кои се во тек или кои се планирани да се реализираат во Охрид.

Од националната канцеларија на УНЕСКО информираа  дека посетата, која требаше да се реализира во февруари годинава  доцни поради недостигот на слободни термини, а не како што се шпекулира во јавност дека експертите целосно ја откажале.

Засега неофицијално, ќе се врши увид во НП Галичица во однос на два проекти еден е експресен пат до Свети Наум, а другиот ски центарот на Галичица.

Следниот ден во среда планирана е посета  на Светиклиментовиот универзитет на  Плаошник.

УНЕСКО на 40. седница во Истанбул изрази сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид поради бројните инфраструктурни проекти кои се планирани, а дел од нив веќе и во реализација.

Неколку еколошките организации во овој период организираа бројни настани и трибини против планот за експресниот пат Охрид – Пештани преку Галичица, против планот за скијачкиот центар на Галичица, за новата елитна населба во Студенчишко Блато и туристичко-развојната зона во Љубаништа. Еколозите предлагаат мораториум на овие „деструктивни проекти и целосна примена на Законот за управување на природното и културно наследство во регионот на Охрид.