Од:

Координативна конференција против тероризмот на Балканот

Клучни претставници на меѓународни и регионални институци и високи претставници на влади од Југоисточна Европа, меѓу кои и од Македонија, за прв пат во тој формат се собраа денеска во Тирана во обид да ја унапредат соработката во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам.

Како што соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС), кој го организираше овој собир чиј домаќин е албанското Министерство за надворешни работи, земјите членки од ЈиЕ и меѓународните партнери од ЕУ и од САД, се договориле најмалку еднаш годишно да организираат вакви конференции за да проценат до каде се напредувало во борбата против овие зла и со цел да се унапредува регионалната соработка.

„Адекватниот одговор на овие заеднички предизвици лежи во заедничкото дејствување кое бара повисоко ниво на регионална соработка и усогласеност во заедничките настојувања“ – изјави генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ.

Тој додаде дека иако радикализацијата, насилниот екстремизам, тероризмот и странските терористички борци не се новина, ЈиЕ и Европа во целина се сочуваат со зглемено ниво на вакви закани, што негативно влијае на економијата и на севкупното општество.

Заменик министерката за надворешни работи на Албанија Одета Барбулаши изјави дека „подобрата соработка и повисоко ниво на координација во регионалните активности…е нужност“, бидејќи „сме сведоци дека радикализацијата и насилниот екстремизам не се запираат на политичките граници, туку за цел имаат поширок регион“.

Претставниците на ЕУ на Конференцијата потсетија за значењето на законодавствата во борбата со тероризмот и насилниот екстремизам, оценувајќи дека сите земји аспиранти и кандидати добро стојат на ова поле. Сепак, оценка на ЕУ дека треба повеќе да се работи конкретно на борбата против радикализацијата во општествата.

На маргините на Конференцијата се оддржуваат и одвоени состаноци на три специјализирани формати за борба против тероризмот, што веќе постојат во рамките на регионална соработка и во рамките на Платформата на РСС за борба против насилниот екстремизам што води до тероризам.

Оваа регионална соработка е активност на Процесот за соработка во ЈиЕ (SEECP), чиј полноправен член е Република Македонија уште од неговото формирање пред десетина години, а РСС е оперативното тело на SEECP.