Од:

Кошарка: Душко Вујошевиќ ја презема БиХ

Душко Вујошевиќ (58) и официјално е избран за нов селектор на кошаркарската репрезентација на БиХ по едногласната поддршка што ја доби од членовите на Управниот одбор на Федерацијата. Искусниот стручњак е во тренерски води веќе три децении. Во 2010 година ја презеде ЦСКА Москва, авантура што траеше неколку месеи. во Италија работеше во Бреша, Пистоја и Пезаро, во Шпанија беше на кормилото на Оксимеса.

Четири пати го предводеше Партизан, по еднаш Црвена звезда и белградски Раднички. Моментно е на клупата на француски Лимож.

Покрај клупските, Вујошевиќ во кариерата има и репрезентативни ангажмани. Беше селектор на Србија и Црна Гора, а по осамостојувањето ги предводеше Црногорците до пласман во европската А дивизија.