Од:

Кошарка (У20), ЕП – Б дивизија: Тежок пораз на младинците од Грузија

Фото: fiba.com

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз во второто коло на Европското првенство (У20) Б дивизија во Орадеа, Романија. Во рамки на третото коло во групата Ц, избраниците на Мирче Петрески загубија од Грузија со 48:78 (полувреме 24:37).

„Црвено-црните“ беа рамноправни партнери на теренот само во третиот период (17:17). Останатите три им припаднаа на грузиските надежи, особено последниот во кој го направија својот кош да биде невидлив за македонските врсници (14:22, 10:15, 7:24). Најефикасни и единствени двоцифрени притоа беа Андреј Маслинко со 15 поени и Дамјан Робев со 14.

Македонија беше слободна во првото коло, а во второто успеа да слави над Албанија, по продолженија, со 62:54. Нареден противник на националниот тим е Романија (вторник, 17.30 ч.). Утре е слободен ден на шампионатот.

ЕП во кошарка (У20)/Б дивизија/Орадеа, Романија

Група Ц

Резултати, 3 коло

Грузија – Македонија 78:48

Романија – Малта 84:65

Табела: Грузија 5, Романија 4, Романија 3, Македонија 3, Малта 3.

Идно коло (вторник)

Албанија – Грузија (10.45 ч.)

Македонија – Романија (17.30 ч.)