Од:

Коѕиас и Нимиц имале “интересна и сериозна средба”

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во Брисел имал “интересна и сериозна средба” со медијаторот за спорот со името Метју Нимиц:

“Имав многу интересна и сериозна средба со господинот Нимиц, кој неодамна престојуваше во Скопје”, изјави тој по средбата и додаде дека тој го информирал Нимиц за ставот на грчката страна по средбите со новата македонска влада.

Нимиц неодамна беше во Скопје на разговори со новата влада па на оваа средба во Брисел го информирал Коѕиас за македонските ставови.

“Се согласивме да останеме во контакт и да се погледнат начините на кој може да се отвори процес за да се најде решение”, додава тој.

На прашањето на грчки новинар дали забележал добра волја од другата страна, Коѕиас одговара дека во комуникациите има добра волја но за суштината вели дека тоа допрва ќе се види.