Од:

Коѕиас му се јавил на Заев

Фото Мета

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, вчера телефонски разговарал со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави Мета.

Веста за телефонската комуникација меѓу Коѕиас и Заев ја соопшти грчкото Министерство за надворешни работи. Според проценките во грчките медиуми, се работи за симболичен политички гест од грчка страна.

Шефот на грчката дипломатија по насилните инциденти во македонското собрание испрати пораки дека Грција се залага и ја поддржува стабилноста во Македонија, како и дека е неопходно сите политички актери во Македонија да се однесуваат во согласност со демократските принципи и вредности.