Од:

Коѕиас сака стабилност – Грција ја почитува унитарноста на Македонија

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас упати предупредување против сите кои помислуваат и сонуваат за дестабилизација на Балканот и планираат да менуваат граници.

– Грција, и ова исто така се однесува на нашиот северен сосед, е цврсто во корист на стабилноста во регионот. Ние сме цврсто во корист на унитарноста на Македонија, ние сме единствените кои дури ни денес не се мешаат во нејзините внатрешни работи, и ние ќе го браниме нејзиното постоење, изјавил тој, пишуваат грчките медиуми.

Според Коѕиас „сега сме во ера каде има стабилност, која бара стабилност во меѓународните правила и во спроведувањето на меѓународните односи, но пред се, бара голема почит кон границите“, јави грчката државна новинска агенција АНА-МПА.