Од:

Краток вовед за тоа што е VOX BOX


Блогерајот и (особено) Facebook се методи на изразување кои се одлично познати кај нас. Но Twitter, иако светски феномен, меѓу нашите интернет корисници е сеуште социјална мрежа на маргините. За чудо, токму таму човек ќе го чуе вестите прв, ќе прочита секакви мислења за сите теми, од трач и зезање

до интелектуални мисли кои ќе ви стават прст на чело. А уште поважно, во актуелниот медиумски мрак кој не снајде, токму Twitter остана едно од многу ретките места каде (сеуште) слободно може секој да се искаже без рестрикции и цензура. Баш затоа твитерџиите и нивните мисли ќе ја имаат клучната улога во Vox Box. Да нема забуни, нема да има ништо украдено,

превземено или позајмено без соодветна акредитација и линк до оргиналниот материјал.

За оние од вас кои никогаш немале допирни точки со Twitter, дајте му шанса.

Логирајте се, заследете луѓе, твитајте, коментирајте, (укарадете по некој твит), отследете,

блокирајте, пингајте… Се е дозволено, доколку е во 140 карактери. Верувајте ми, ќе ви го промени животот. Еден ден дури и ќе жалите носталгично за почетоците таму.