Од:

Квалификации за СП 2017: Победнички старт на Македонија

Фото: macedoniahandball.com.mk

Женската ракометна репрезентација на Македонија успешно ја реши првата пречка во квалификациите за Светското првенство во 2017 година. Вечерва во Торшавн, на Фарски Острови, е совладана домашната селекција со 21:19 (полувреме 8:8).

Сара Ристовска беше најефикасна со 6 гола, по четири постигнаа Теодора Керамичиева и Јована Саздовска. Во листата на стрелци се впишаа уште Е. Георгиевска (2 погодока), Ливриниќ (2), Десподовска (1), Ѓорѓиевска (1) и Трпковска (1). Во вториот меч во групата 3, Исланд ја победи Австрија со 28:24.

Избраничките на Симе Симовски утре за противник ја имаат австриската селекција, во последното коло, во недела, ќе играат и против Исланд. Најдобрите две селекции ќе продолжат во баражот за мундијалот од 1 до 17 декември догодина во Германија.