Од:

Квалификации за СП 2018: Македонија почна да се остри за Лихтенштајн

Фото: ffm.mk

Македонската фудбалска репрезентација е пред зицер во квалификациите за СП 2018 во Русија. Пред неа стои селекцијата на Лихтенштајн против која се очекува прва радост во групата Г. Натпреварот е во петок на „Рејнпарк“ во Вадуц со почеток во 20,45 ч. „Црвено-жолтите“ не бегаат од фаворитската улога, но и самите се свесни дека ќе мора и да ја оправдаат на терен и конечно, по пдоолго време, да почнат да напредуваат на ФИФА ранг листата.

„Почнуваме со подготовки со проблеми поради повредите на Хасани и Бејтулаи меѓутоа никогаш и никаде нема да бараме алиби. Сметам дека имаме доволно добри играчи кои соодветно ќе одговорат на поставените задачи“, уверува Игор Ангеловски, селектор на репрезентацијата на Македонија.

Репрезентативците се собраа во Скопје и зад себе веќе имаат тренинг во полн состав. Стефан Спировски од скпски Вардар и Кристијан Тошевски од битолски Пелистер се ставија на располагање на стручниот штаб по дополителните покани што ги добија, откако беше утврдено дека двајцата фудбалери на Шкендија нема да бидат опции за настап во Вадуц.

„Пристапот ќе биде ист како и за досегашните мечеви. Одиме на победа. Но, промени ќе има во формацијата. Верувам во овие момци дека можат до победа. Македонија долго време нема победа на гости, момент што наметнува и одреден притисок. Од друга страна, пак, имаме и мотиви за прекинување на непријатната традиција“, додаде предводникот на националниот тим.

Во рамки на групата во која се наоѓа Македонија, во петок уште ќе играат Шпанија – Израел и Италија – Албанија.