Од:

Лани 1,2 милиони луѓе побарале азил во земјите од ЕУ

Агенцијата за стастистика на ЕУ, Еуростат, соопшти дека минатата година повеќе од 1,2 милиони луѓе поднеле барање за азил во земјите членки на Унијата, главно од Сирија, Авганистан и Ирак.

Податоците на Еуростат покажуваат дека за прв пат бројот на поднесени барања за азил е нешто помалку во однос на бројките од 2015 година.

Но, таа бројка е речиси двојно поголема во однос на 562.700 луѓе кои поднеле барање за азил во 2014 година.

Од бегалците кои минатата година побарале засолниште во земјите на ЕУ, третина се државјани на Сирија (334.800), додека 183.000 се државјани на Авганистан и 127.000 од Ирак.

Еуростат наведува дека 60 проценти од нив побарале азил во Германика, а потоа следи Италија со 10 отсто.

Опаднал бројот на апликации за Шведска, Финска, Данска и Унгарија. Се нагласува дека лани во процедура на обработка биле скоро милион барања.