Од:

Лазар Нанев: Извештајот на ЕК е слика за моралната криза во судството

Во интервјуто професорот по казнено право на Правниот факултет при Универзитетот во Штип, Лазар Нанев, зборува за извештајот на Европската Комисија, за случувањата во Кривичниот суд и неоходноста од темелни реформи во судството.  

Каков е вашиот коментар за наодите на ЕК за состојбите во судството?

Лазар Нанев: Извештајот на ЕК за состојбите во судството е објективен одраз, кој  уште еднаш покажува на немање на  волја потребна за соочување со основните прашања кои  се идентификуваат како потреба за итни судски реформи, и за постоење на препреки за потребата од поефектно соочување со недостатокот на независноста на судството.

Извештајот ја отсликува моралната криза на судските вредности и дисфунккционалност на матрицата помеѓу потребите за владеење на правото и независноста на судството и латентноста во несоодветното практицирање на судската власт. Со овој извештај судскиот систем доживува длабока декаденција и уште повеќе дека итно има потреба  од превреднување на судските вредности, истовремено укажувајќи на потребата за морално прочистување, со потребата за законско, персонално и институционлано преструктуирање и итно нивно функционалоно јакнење.

Извештајот ги детектира клучните институционални пречки, кои неколку години наанзад  се повторуваат, и затоа  со овој извештај  можеби и не се доживуваат како посебна драматизација пред се поради нивната постојансот. Сето тоа само по себе ја покажува сериозноста на проблемите во судството, и потребата од еден сериозен пристап во анализа и преструктуирање. Иако не сакаме да ја прифатиме судската реалност, таа е сурова. Особено морам да потенцирам дека ме радува фактот што  за првпат во еден извештај се споменува и Здружението на судии на Република Македонија, како професионална форма на здружување, детектирана како единsтвeна форма во овој момент во РМ, која превзема  чекори во насока на подобрување на судската ензависност, и тоа е добар показател дека проблемите во судството никој неможе да ги реши освен самите судии. Со извештајот точно се детектирани клучните ,,жаришта“ на кои мора да се работи доколку сакаме да воспоставиме судски систем со доверба.

Во извештајот се наведува дека судството назадува од 2014 година. Кои се причините за назадувањето и покрај заложбите на сите високи претставници на судската власт за реформи?

Лазар Нанев: Дисфункционалноста на системот не се гради само со популистички заложби, потребна е серизна акција, и ако се има во предвид дека не постои сериозен пристап за потребата на ефикасно практицирање и отстранување на  метастазираното судско ткиво, тогаш јасно е зошто судството назадува. Зајакнувањето на капацитетите на судството бара сериозен пристап, преку создавање на моќен судски менаџмент, кој мора да воспостави нови стилови, судска култура, да ги развива вредностите на судскиот интегритет, на квалитетот на правдата, постои недостаток  на волја за транспарентност на системот, за комуникација со јавноста, за трансфер на информации за рабитата на судството, недостаток на волја за односисо медиумите, и особено проблематично е погрешниот пристап и погрешната идентификација  на проблемите, со свртување на вниманието кон погрешни и ирелевантни цели, за сметка на  владеењето на правото и непристрасноста во правдата. Не постои јасна стратегија и јасно дефинирани активности, не постои јасна цел. Загрижува немањето на волја, за создавање на силни судски авторитети, без кои нема напредок.

Судската моќ се гради преку квалитетот на правдата, довербата на јавноста, транспарентноста, судскиот инегритет, авторитет, судскиот имиџ, но за жал кај нас не постои систем на искривени вредности, во кој секоја идеа,  и креативност се уништува. Не постои сериозна волја за работа и обезбедување на законодавна, функционална и финансиска независност, како клучни столбови за независноста на судскиот системот., бидејќи не постојат моќни судски авторитети, кои ќе можат успешно да ја балансираат судската независност со останатите две власти, законодавна и извршна.

Тој дисбаланс на авторитативната моќ е клучен недостаток на судството кој влијае на неговото уназадување.

Како ги коментирате актуелните случувања во Кривичниот суд во Скопје?

Лазар Нанев: Моралната криза во судскиот менаџмент која подолги години постои во судскиот систем, затвореноста, немањето на капацитети за проценка на ризиците,  и постојаните несоодветни надворешни и внатрешни влијанија, со овие случувања  судството го врати во неговата реалност. За жал, желбите се едно, но реалноста за судството е сурова, и тоа е вистинското светло, колку и да не сакаме да се соочиме со вистината, таа е сепак сурова.  Да не заборавиме дека Кривичниот суд, со својата репрезентативност  ја создава сликата за судскиот систем, и неможеме да бидеме имуни и рамнодушни на сето тоа што се случува.

Потребна е сериозна анализа и пристап  за јасно дијагностицирање на клучните проблеми во судството, затскривани под судските бироа, со јасно дефинирање на судската терапија, која мора да воспостави балансиран пристап помеѓу желби, потребите и реалноста. За жал актуелните состојби само ја манифестираа суровата реалност во судството и потребата за нов пристап, и потврда на извештајот на ЕК.

Балансот на натрупаните проблеми само чекаше време кога ќе експлодира, и целиот ,,прљав веш,, ќе го изнесе на виделина. Вавквите случување ја потврдуваат тезата за  неефикасно менаџирање, за немање на концепт за детектирање на кризните  жаришта, за потребата од решавње на проблемите, а не за нивно затскривање. Со оваа само се отвара уште едно сериозно прашање, а тоа е потребата од создавање на  процес за интегративност и инклузивност на судскиот менаџмент.

Каков е вашиот коментар за ставот на 15 судии од овој суд?

Лазар Нанев: Претпоставувам со оглед на информациите кои доаѓаат од медиумите дека судиите имале потреба од  изнесување на свој став, за потреба на јавно презентирање на потребите, и нужноста за потреба од интервенција. Се разбира морате да бидете внатре во системот за да ги согладате потешкотиите кои се наведени како став.

Но, затоа оваа не треба да се занемари, и институционално мора да се реагира на начин кој ќе биде најсоодветен, балансиран помеѓу реалноста и потребите, но и како показател дека на судствто му е потребен еден нов концепт кој треба да ја промени сликата во нашата зедница. Оваа јасно покажува дека никој друг освен самите судии не може да им ги реши проблемите.