Од:

ЛГБТИ Центарот заедно со Хелсиншкиот на нова локација во Дебар Маало

ЛГБТИ Центарот за поддршка заедно со Хелсиншкиот Комитет за човекови права се преместени на нова локација, посилни и уште повеќе посветени на менувањето на социјалниот и правниот статус на ЛГБТИ луѓето во нашето општество, објавуваат организациите.

Двете организации сега се сместени во куќа со два посебни влеза за двете организации, која се наоѓа во Дебар Маало на улица Наум Наумовски Борче бр.83, карши фонтаната “Лотус” во Градскиот Парк.

ЛГБТИ Центарот се наоѓа на вториот кат и просторот нуди супер услови за работа, одржување на настани, работилници, обуки, проекции на видео материјали, дискусии, социјализација, а исто така и библиотека со ЛГБТИ и квир литература.

Центарот за поддршка е отворен секој работен ден од 09.00 до 22.00 часот.