Од:

Лидингтон: Иванов да ја укине одлуката за помилување

Министерот за Европа на Велика Британија, Дејвид Лидингтон апелира претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов да ја укине одлуката со која ги помилува сите политичари чии имиња се во истражна постапка за разни злоупотреби.

– Одлуката на Претседателот од 12.април да ги помилува лицата кои се во истражна постапка за обвиненијата за злоупотреби е особено загрижувачка. Оваа одлука ги заштитува официјалните претставници и поранешни министри обвинети за корупција и ја негира правдата за луѓето на Македонија. Обвинувањата од прислушуваните материјали покренаа сериозни прашања за владеењето на правото и кредибилноста на изборите. Тие обвинувања мора да бидат целосно истражени согласно правните процеси, за Македонија да најде одржливо решение за актуелната политичка криза. Барам од Претседателот на Македонија да ја укине одлуката, вели во својата изјава Лидингтон.

Тој дополнува дека се загрижени од подготвеноста на земјата за предвремени избори, поради нејаснотиите при исчистувањето на Избирачкиот список, ниедната реформа остварена во сферата на медиумите и изјавите за заплашување на гласачите.

Лидингтон воедно потенцира дека протестите кои се одвиваат во земјата ќе се спроведуваат без насилство.

Британскиот министер за Европа информира дека вчера разговарал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да ги расчисти грижите на меѓународната заедница и да преземе соодветни мерки.