Од:

Лига Европа: Ибрахимовиќ потврди европска пролет за Манчестер Ј.

Фото: uefa.com

Манчестер јунајтед, Фенербахче, АПОЕЛ, Зенит, Рома, Сент Етјен, Атлетик Билбао, Фиорентина, ПАОК, Османлиспор, Вилјареал и Гент се пласираа во шеснаесетфиналето во Лига Европа.

„Црвените ѓаволи“ отпатуваа во Украина по три бода што и ги освоија на крајот. Ја совладаа Зорја со 2:0 и како второпласирани во групата А си обезбедија место во понеделничката ждрепка за осминафинале. Мктарјан во 48 минута и Ибрахимовиќ во 88 минута беа стрелци за тимот на Жозе Мурињо. Шведскиот интернационалец го постигна седммиот гол во последните шест средби и потврди дека се наоѓа во одлична форма. Во вториот меч во групата Фенербахче славеше над Феенорд во Холандија со 1:0. Единствениот гол на средбата беше дело на Муса Соу во 22 минута.

Олимпијакос загуби од АПОЕЛ со 2:0 во групата Б, но грчкиот состав и покрај поразот на Кипар ќе игра во Лига Европа напролет. „Црвено-белите“ од Пиреја ја завршија групната фаза со осум бода колку и Јанг Бојс и го освоија второто место благодарение на подобрата гол разлика во однос на екипата од Швајцарија која славеше над Астана, на домашен терен со 3:0.

Лига Европа

Резултати, 6. коло

Група А: Зорја – Манчестер јунајтед 0:2, Феенорд – Фенербахче 0:1. Табела: Фенербахче 13, Манчестер јунајтед 12, Феенорд 7, Зорја 2.

Група Б: Јанг Бојс – Астана 3:0, АПОЕЛ – Олимпијакос 2:0. Табела: АПОЕЛ 12, Олимпијакос 8, Јанг Бојс 8, Астана 5.

Група Ц: Мајнц – Габала 2:0, Андерехт – Сент Етјен 2:3. Табела: Сент Етјен 12, Андерлехт 11, Мајнц 9, Габала 0.

Група Д: АЗ Алкмар – Зенит 3:2, Макаби Тел Авив – Дандалк 2:1. Табела: Зенит 15, АЗ Алкмар 8, Макаби Тел Авив 7, Дандалк 4.

Група Е: Викторија Плзен – Австрија Виена 3:2, Астра – Рома 0:0. Табела: Рома 12, Астра 8, Викторија Плзен 6, Австрија Виена 5. Атлетик Билбао 10, Генк 9 (-1), Рапид Виена 6, Сасуоло 5 (-1).

Група Ф: Рапид Виена – Атлетик Билбао 1:1. Мечот Сасуоло – Генк е одложен за утре (12.30 ч.) поради магла

Група Х: Конјаспор – Гент 0:1, Брага – Шахтјор Доњецк 2:4. Табела: Шахтјор Доњецк 18, Гент 8, Брага 6, Конјаспор 1.

Група Ј: Карабаг – Фиорентина 1:2, ПАОК – Слован Либерец 2:0. Табела: Фиорентина 13, ПАОК 10, Карабаг 7, Слован Либерец 4.

Група Л: Османлиспор – Цирих 2:0, Вилјареал – Стеауа 2:1. Табела: Османлиспор 10, Вилјареал 9, Цирих 6, Стеауа 6.