Од:

Лига Европа: Лион убедлив во Холандија, Тотенхем се сопна во Белгија

Фото: uefa.com

Олимпик Лион се враќа од Холандија со капитална предност по првиот шеснаесетфинален натпревар во Лига Европа. Французите триумфираа против АЗ со 4:1 оставајќи го холандскиот тим пред невозможна мисија за реваншот.

Победникот во мечот се наѕираше по половина час игра, а дилемата што преостана се однесуваше на соодносот на бројките на семафорот. Лаказет погоди во судиското продолжение на првиот дел и во 57 минута, серија голови ја отвори Тусар во 26 минута, ја затвори Фери во екстра времето на крајот. Голот за каква-таква надеж на Холанѓаните го постигна Јаханбакш во 68 минута од пенал.

Гент се радуваше по првите 90 минути од двомечот со Тотенхем. Белгиската екипа го совлада тимот од Лондон со 1:0. Стрелец на единствениот гоол беше Пербет во 58 минута.

Најубавиот гол на средбите од 19 часот го потпиша Федерико Бернардески. Италијанскиот репрезентативец реализира од слободен удар за минимална, но голема, победа на Фиорентина против Борусија во Менхенгладбах.

Лига Европа

Шеснаесетфинале – први мечеви

Олимпијакос – Османлиспор 0:0

Борусија Менхенгладбах – Фиорентина 0:1

Лудогорец – Копенхаген 1:2

Гент – Тотенхем 1:0

Ростов – Спарта Прага 4:0

Селта – Шахтјор Доњецк 0:1

Астра – Генк 2:2

АЗ Алкмар – Олимпик Лион 1:4

Краснодар – Фенербахче 1:0