Од:

Љубе Бошкоски се бори за власт, а Сашо Мијалков за слобода

Во следниот период Бошкоски ќе го гледаме на митинзи, а Мијалков го чекаат распити не само за „Тортура“, туку и за други случаи кои ги отвори специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Бошковски во својот говор на промоцијата на коалицијата не пропушти да суптилно да спомене како животното тркало се врти, алудирајќи на судбината на поранешнот директор на УБК, Сашо Мијалков, кого  во „бомбите“ можевме да го чуеме како се фали дека го „решил“ Бошкоски пред да оди во затвор. 

Патиштата на лидерите на ВМРО Народна, Обединети за Македонија и на Достоинство се вкрстија преку коалицијата ВМРО за Македонија.

Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов со аплаузи и овации беа пречекани во хотелот Александар Палас, каде што дојдоа членови на партиите, семејствата и луѓето кои со години го поддржуваа Бошковски додека беше во затвор.

Додека Бошкоски говореше за неговите мотиви повторно да влезе во политичка трка, во Специјалното јавно обвинителство пристигна поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на распит токму за апсењето на Бошкоски, за случајот „Тортура“.

Бошкоски сега се бори за пратеник, а Мијалков за слобода. Можеби затоа и братот Љубе емотивно се потсети на неговата голгота и рече дека во животот на еден човек има подеми и порази и ништо не останува вечно.

„Сигурно дека во животот  има  подеми и падови, има животни амплитуди, има одење  горе и паѓање доле, одредени недоразбирања“, рече тој.

Тројцата коалициони партнери кандидатските листи ќе ги објават во наредните неколку дена. Шеф на изборниот штаб ќе биде Ден Дончев. Најави борба со корумпираното и раскалешеното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Новите политички ортаци им се обратија  на членовите на партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ. Ако сакаат да живеат во духот на демохристијантвото да им се приклучат во борбата за враќање на достоинството на партијата која веќе 13 години ја води Никола Груевски.