Од:

„Луда“ ноќ во НБА лигата: Голден Стејт уфрли 149 коша против лејкерси

Кошаркарите на Голден Стејт имаа шутерска и, пре се, одлична реализаторска ноќ во НБА лигата. „Воините“ постигнаа неверојатни 149 поени против Л.А. Лејкерс, па и примените 106 од трофејниот ривал веројатно не делуваа загрижувачки никого во стручниот штаб на Стив Кер. Речиси една петина од кошевите отпаднаа на одличниот Стеф Кари. На паркетот мина 29 минути и за тоа време даде 31 поен и подели девет асистенции. Исклучително расположени за игра беа и Кевин Дурент (28 поени) и Клеј Томпсон (26). Триото Инграм, Вилијамс и Кларксон запишаа по 16 коша за „езерџиите“ кои во две од четирите периоди во средбата примија над 40 поени.

Кливленд и Портланд одиграа меч со 262 коша. „Кавалирси“ на крајот триумфираа со 137:125, а меѓу нив особено се истакнаа Кевин Лав и Леброн Џејмс. Првиот го заврши настапот со 40 поени од кои 34 постигна само во воведните 12 минути (меѓу нив осум тројки) или три повеќе од сите „блејзерси“ заедно. Неговиот соиграч со статус на ѕвезда во екипата, пак, забележа трипл-дабл со 31 поен, 13 асистенци и 10 скока, дабл-дабл во поразената екипа имаше Демиен Лилар (40 коша, 11 асистенции, седум скока).

НБА лига

Резултати

Кливленд – Портланд 137:125

Индијана – Атланта 85:96

Орландо – Феникс 87:92

Филаделфија – Мемфис 99:104 (по две продолженија)

Шарлот – Сан Антонио 114:119

Детроит – Мајами 107:84

Бруклин – Бостон 92:111

Хјустон – Торонто 102:115

Далас – Л.А. Клиперс 104:124

Јута – Денвер 108:83

Њу Орлеанс – Минесота 117:96

Голден Стејт – Л.А. Лејкерс 149:106

Сакраменто – Оклахома 116:101