Од:

Лута битка во Европскиот парламент за претседателското место

Европскиот парламент (ЕП) треба да го избере својот нов претседател на 17 јануари. Но, безмилосниот напревар кој се води веќе со недели помеѓу десницата и левицата може и да и наштети на оваа институција, единствена која е избрана од граѓаните на избори.

Досега изборот на претседателот на ЕП беше еден вид формалност. Двете најголеми политички групи – десната Европска народна партија (ЕНП) и Партијата на европските социјалисти (ПЕС) ротитаа во текот на 5 годишниот мандат на ЕП па така ЕНП го држи претседателството во текот на 2,5 години а потоа доаѓа социјалист. Изборот на среќниците кои стануваат престедатели е договорено на затворен состанок. Гласање има на пленарна седница, но пратениците доста дисциплинирано го следат договорот на лидерите. Слично како и во нашето Собрание.

Досегашниот претседател Германецот Мартин Шулц го заврши својот две и пол годишен мандат и реши да се врати на германската политичка сцена.

Според правилата наследникот треба да дојде од ЕНП. Но, изненадувањето дојде од социјалистите кои решија дека нема така лесно да се предадат. Нивниот аргумент е дека и Европската комисија (ЕК) и Советот на ЕУ ги водат двајца десничари, Жан-Клод Јункер во ЕК и Доналд Туск во Советот. Тие сметаат дека десницата не треба да има монопол. И предложија свој кандидат Италијанецот Џани Питела, актуелнот претседател на социјалистичката политичка група.

Џани Питела

Десничарите не само што не се повлекоа туку извадија и “оружје” и го објавија договорот за коалиција од 2014 година. Во кој се открива дека ниту една политичка група не се побунила што трите најважни ЕУ институции ќе ги води десничар.

Социјалистите на ова велат дека во 2014 година не можеле да предвидат кој ќе застане на чело на ЕК и на Советот.

Манфред Вебер, претседателот на ЕНП го избра за кандидат Италијанецот Антонио Тајани.

Антонио Тајани

Вебер смета дека партиите треба да работат заедно во борба против евроскептизмот и популизмот во ЕУ. И додаде дека постои ризик дека големата коалиција (договорот на двете партии да го поделат претседателскиот мандат во ЕУ на два дела) нема да може да ја преживее оваа кавга.

И тоа не е се. Во трката се појави и трет кандидат – борбениот либерал Ги Верхофштад, екс белгиски премиер за коги велеа дека е идеолошки наследник на Маргарет Тачер и голем европски федералист. Тој смета дека ќе ја добие претседателската трка. И објави видео во кое меѓу другото вели:

“Во ова време на раст на популистите ни треба визија, градење на мостови и компромис”.

Засега никој не се осмелува да дава прогнози кој би бил победникот. Разликите помеѓу главните кандидати се мали а овој пат пратениците можеби нема да бидат толку дисциплинирани како досега.

За некои ова е добар чекор кон демократизација на ЕП. За други, оваа лута битка може да му наштети на Парламентот. Мислењата се поделени исто како што се поделени поддржувачите на претседателските кандидати.

Првиот човек на ЕУ претседава на сите парламентарни дебати и сите активности на ЕП и го претставува Парламентот во странство. Без потписот на претседателот не може да стапи на сила ниту еден европски закони ниту пак буџетот на ЕУ.

Европските пратеници се бираат на директни избори. Тие законска моќ каква што немаат ниту ЕК ниту Советот на министрите. Но ЕП нема право на законска иницијатива како што е тоа случај во сите национални парламенти.