Од:

Маалски муабети: Како се перат пари – од Скопје до Белизе и назад

Инвестиции од Белизе, Панама, Обединетите Арапски емирати, Британските девствени острови, Кипар. Јавни приватни партнерства со тајни газди од даночните раеви поврзани со победници на тендери кои дебело профитираа од владините тендери. Еден офшор, друг офшор, едни исти луѓе и можеби едни исти пари – излегуваат, влегуваат… НОВАТВ работеше многу истражувања на оваа тема, но нашиот скопски маалец – лик кој ние го смисливме за да ви објасниме како всушсност функционира овој свет на лаги, тајни, и моќ платени со наши пари, ќе ви објасни најдобро користејќи ги илустрациите од животот на обичниот македонски пробисвет.

Актер: Оливер Митковски; Сценарио: Јован Димитров; Режија: Скопјанец; Монтажа: Божидар Јанковиќ, Продуцент: Сашка Цветковска, НОВАТВ