Од:

Македонската парламентарна демократија во опасност

Пишува: Игнацио Корао, пратеник во Европскиот парламент

Сe започнa кога македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој е близок до националистичката ВМРО, одбива да  го даде мандатот на коалициската влада формирана од страна на социјалистите (СДСМ, Зоран Заев) заедно со албанските партии.

И покрај тоа што националистите се стекнаа со тесно мнозинство на изборите во декември 2016 година, всушност, поранешниот премиер Никола Груевски не успеа да постигне договор со Ахмети за формирање на нова влада. Претседателот на државата сепак смета дека сојузот на опозицијата претставува “закана за интегритетот и суверенитетот на земјата” и го блокираше новото мнозинство со неуставен потег што социјалистичкиот лидер Зоран Заев го нарече “државен удар”.

Меѓународен притисок барем до сега не даде никаков ефект.

Во Македонија, парламентарната демократија не може да остане во оваа фаза на целосен ќорсокак. Демократскиот процес за формирање на новата влада е неправедно блокиран од страна на претседателот Иванов, кој одби да ја изврши својата уставна должност (како и да ги почитува своите ветувања) и да го предаде мандатот на Зоран Заев, лидерот на социјалдемократите, кој успеа да обезбеди парламентарно мнозинство од 67 места.

Ова одбивање јасно се манифестира како еден вид на заштита на поранешниот премиер Груевски. Тоа е неприфатливо. Блокирање на демократскиот процес е опасен чин за нарушување на стабилноста на целата земја.

Македонија мора да размислува како повторно да го активира нејзиниот процес на европска интеграција, која беше забавена поради несоодветното владеење во последните неколку години.

Парламентарното мнозинство мора да се почитува. Ние не би сакале оваа институционална парализа да ја одведе земјата до етнички конфликт. Нема време за губење. Ние очекуваме да се обнови функционирањето на демократските процеси во интерес на сите граѓани на Македонија. Со тој процес се отстранува и ризикот од нови етнички тензии и појава на евентуална дестабилизација на Балканот.

*Написот е блог на европратеникот објавен под истиот наслов