Од:

Манчевски: Буџетот на Трајановски е нечовечен без пари за загадувањето

Во буџетот на Градот има исто пари за загадениот воздух колку што има и за нова барокна вртелешка како онаа на плоштадот

Советникот од Град Скопје од СДСМ, Дамјан Манчевски, реагира на предложениот буџет од Град Скопје кој се однесува на отсуството на средства за загадувањето на градот како и недомаќинскиот буџет со пари за споменици и фасади. Освен за воздухот, Манчевски реагира дека нема средства ниту за превенирање на поплави и го нарече буџетот „најкатастрофален досега“.

На 6-ти август оваа година, 23 наши сограѓани ги загубија животите во катастрофалните поплави. Во предлог буџетот за 2017 година, Коце Трајановски нема предвидено ништо за дополнителна заштита на Скопје од поплави и други природни катастрофи. Скопје секоја година се гуши во ектремно загадување. И повторно, како и секоја година до сега, Коце Трајновски нема предвидено дополнителни средства за мерки за намалување на загаденоста на воздухот.

И повторно, како и секоја година до сега, Коце Трајановски слепо ги извршува наредбите на вистинскиот градоначалник на Скопје, Никола Груевски. И оваа година во буџетот се предвидени 5,7 милиони евра за барокни фасади, нови 2,6 милиони евра за луксузна Градска куќа, 500 илјади евра за партерно уредување на седиштето на ДПМНЕ. Дури, Коце Трајановски повторно предвидува да потроши 200 илјади евра за нов карусел, покрај постоечкиот. Овој предлог буџет, после се што му се случи на Скопје, не само што е катастрофален, туку е и нехуман, рече Манчевски на прес конференција пред денешната седница за буџетот на Град Скопје.

https://youtu.be/1NfcbgV40xM