Од:

Манчевски: Итни мерки против загадувањето-распустот порано да започне

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски денеска побара од градската и централната власт веднаш да спроведат итни мерки за намалување на загадувањето на воздухот

– Веднаш да се воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓани на Скопје, времено да се запрат сите градежни активности на територијата на градот, да се воведе времена мерка за обврска од најмалку тројца патници во еден автомобил, a во спротивно автомобилот да биде исклучен од сообраќајот, за да се заштитат децата и нивното здравје, училишниот распуст да почне порано од предвиденото, наместо греење за демонстрантите пред ДИК, власта да обезбеди греење за социјално најранливите категории на граѓани, рече Манчевски на прес конференцијата одржана во центарот на Скопје.

Според него, ова се интервентни мерки кои што Градот Скопје и Владата треба да ги обезбедат во најкус можен рок, но покрај краткорочните мерки, потребни се и долгорочни мерки за да се намали загадувањето на воздухот.

– Проблемот со загадуваниот воздух е резултат на сите погрешни политики на локалната и на централната власт. Потребна е сериозна и долготрајна стратегија за надминување на овој проблем. Но, пред се потребни се промени. Промените на централно ниво станаа реалност. Со оглед на резултатите од парламентарните избори, граѓаните на Скопје ќе донесат промени и на локално ниво, рече Манчевски.