Од:

Манчевски:По смена на власта парите за барокни фасади ќе се пренаменат

Новата лудост на власта на Никола Груевски нема да успее, затоа што граѓаните нема да дозолат Градскиот трговски центар, МОБ и Универзитетската библиотека да ги сменат фасадите во барок, изјави денеска Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Според него, пред да има можност да се реализира ова, ккао што тој го нарече „безумие“ ќе дојде до смена на власта на фер и демократски избори.

-Новата, демократска власт веднаш ќе ги стопира овие криминални проекти. Затоа, ги повикуваме сите домашни и странски градежни компании да не учестуваат на повикот, кој евентуално би го распишала криминалната влада на Никола Груевски.

Веднаш по смената на власта, средствата наменети за новите барокни фасади, ќе бидат пренаменети за гасификација на Скопје и за други неопходни потреби на граѓаните. Ги повикувам функционерите на ВРМО-ДПМНЕ, чесните  и одговорни поддржувачи на ВМРО- ДПМНЕ, да ја откажат послушноста на Никола Груевски во спроведувањето на лудилото со Скопје 2014.

Граѓаните на Скопје, но и цела Македонија апсолутно се спротивставуваат на трошењето на пари за раскош и луксуз. На ова безумие можеме заедно да му ставиме крај. Крајот се ближи, готово е, изјави Манчевски.

Владината одлука за барокизација на Градскиот трговски центар веќе е објавена во Службен весник.

Власта ни овој пат не ги послуша архитектите и граѓание кои во неколку наврати со жив штит го бранеа ГТЦ и порачаа дека тој не смее да влезе во барокното здание на Скопје, проект за кој се потрошија 600 милиони евра откако првично тогашниот премиер Никола Груевски рече дека ќе чини 80 милиони.

Неуспешен за помалку од 10 проценти референдумот за и против автентичниот архитектонски изглед на на ГТЦ кој го организираше општина Центар бидејќи за него не се постигна цензус.

*Го сакам ГТЦ со писмо до Иванов: Згрозени сме што манипулирате со вистината

*(ФОТОГАЛЕРИЈА) ГТЦ во прегратка на граѓаните

*Корзото пред ГТЦ ги врати спомените на многу генерации

*Скопјани порачаа „ГТЦ е наш, не го даваме!“

Градскиот трговски центар е изграден 1973година според проектот на архитектот Живко Поповски и група негови колеги.