Од:

„Марка“: Реал Мадрид без Роналдо во Скопје

Претстојниот Суперкуп натпревар во Скопје меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед ќе биде посиромашен за Кристијано Роналдо. Португалската фудбалска ѕвезда доби продолжен одмор и дефинитивно нема да истрча со „кралевите“ на „Телеком арена“ на 8 август.

Веста ја објави шпанска „Марка“. Како причина за ослободувањето на Роналдо се наведува напорната сезона во која Португалецот настапи и на Купот на конфедерации во Русија, а со екипата ги освои титулите во Лигата на шампиони и во шпанска Примера. Неговото враќање на тренинзите е најавено за 28 јули.

Меѓутоа Зидан ќе може да смета на Португалецот за 12 август за кога е закажан првиот меч од шпанскиот Суперкуп против Барселона. Реваншот ќе се одигра три дена подцна на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.