Од:

„Марка“: Зидан ќе добие нов договор во Реал М.

Реал Мадрид изготвил нов договор за Зинедин Зидан според кој францускиот менаџер ќе остане на кормилото на „кралскиот“ клуб до 2020 година. Зад ваквата вест од Шпанија стои „Марка“ пришто весникот наведува дека продолжувањето на соработката не е поврзано со ефектот во завршницата на сезоната.

Намерата на претседателот Флорентино Перез, според „Марка“, е врзување на Зидан на долг рок и можноста за поранешниот репрезентативец на Франција да го парафира документот кога ќе посака.

Тоа, сепак, се очекува да се случи по 3 јуни за кога е закажано финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) против Јувентус во Кардиф. Зидан е тренер на Реал Мадрид од 2016 година. На кормилото го наследи Рафаел Бенитез и го предводеше клубот во трофеј во ЛШ во минатата сезона. Оваа, пак, е во позиција да го брани тронот и од титулата во Примера го делат три победи.