Од:

Мароко – шампион на обновливата енергија

Кралот Мухамед Шести вчера ја промовираше изградбата на последниот четврти дел од проектот Ноор, најголемата соларна централа на светот на југот на земјата.

Првите три дела на централата Ноор работат на термо соларна енергија додека последниот четврти ќе работи на соларни панели.

Термо соларниот дел на Ноор.

Централата е сместена на 20 км од Арзазате на влезот на пустињата на површина од 137 хектару и ќе има капацитет на производство на 72 мегавати, информираше мароканската државна агенција МАП.

Централата ќе произведува струја директно од сончевото зрачење преку полуводечки ќелии.

Инвестицијата изнесува 70 милиони евра а 61 милион евра дојдоа од германската банка KfW Bankengruppe. Централата ќе ја раководи Мароканската агенција за соларна енергија (Масен) и саудиската фирма Acwa Power.

Ноор 1 беше отворена во февруари 2016 година а потоа Марокот тргна во изградба на вториот и третиот дел од овој соларен комплекс. Сите четири дела на Ноор ќе произведуваат 582 мегавати енергија.

Мароко нема ни гас ни нафта. За да не увезува енергија, ова северно-афричко кралство одлучи да се сврти кон обвновливите извори на енергија и пред се сонцето што го има во изобилство. Преку државната агенција Масен, Марокот влезе во амбициозен проект кој наскоро ќе може да задоволува половина од потребите на Мароко за енергија.

“Тоа е добро и за енергетската политика на земјата но и за животната средина. Благодарение на Ноор, емисиите на штетни гасови како ЦО2 ќе се намалат за милион тони”, вели Рашид Бајед директор во Масен.

Мароко не ги крие своите амбиции да стане шампион на обновливата енергија и да биде пример за сите африкански земји и сите земји кои се богати со сонце.

Во ноември 2016 година земјата беше домаќин на КОП22, меѓународната конференција за борба против климатските промени.