Од:

Маршот за Алепо тргна од Куманово за Скопје

Петнаесетина активисти кои учествуваат на Граѓанскиот марш за Алепо, по ноќта помината во Куманово, утрово тргнаа за Скопје, објави Радио Моф.

По серија кратки активности, преку кои ги запознаваа кумановци со својата мисија, охрабрени од потоплото време, утрово во 8 часот продолжија за главниот град каде што е предвидено утре да одржат голем јавен настан за промовирање на нивната хуманитарна кампања за мир во Сирија.

Маршот, кој напредува по 30-тина километри на ден, досега помина повеќе од 1.600 километри пеш преку различни европски земји.

Повеќе од 3.000 луѓе веќе учествуваа во маршот на различни настани кои се случија по должината на рутата, правејќи го првото големо европско солидарно движење за сириските граѓани.

Сè започна од иницијативата на полската активистка Ана Албот, која заедно со меѓународна група волонтери започнаа повик за акција. Граѓанскиот марш за Алепо започна на 26 декември 2016 година во Берлин и оттогаш поминаа пеш низ Германија, Чешка, Австрија, Словенија, и на Балканот до Македонија. Маршот се очекува да пристигне во Сирија на крајот на летото 2017 година.