Од:

Машко финале во Индијан Велс: Федерер до 25 Мастерс титула

Роџер Федерер продолжува со одличната форма и партии во 2017 година. По успешниот поход на Австралија опен на кој ја освои 18 гренслем титула, Швајцарецот го покори и Индијан Велс по триумфот во финалето над сонародникот Стен Вавринка со 6:4, 7:5.

За Федерер ова е петти трофеј во Калифорнија, колку што има и Ѓоковиќ, прв по 2012 година. Вечерва ја подигна 25 Мастерс титула во пребогатата кариера во која досега освои вкупно 90 турнири во поединечна конкуренција. Финалниот предизвик во Индијан Велс го реши за еден час и 19 минути игра за прослава на 20. победа во 23. пресметка со Вавринка.

Од почетокот на годината, искусниот швајцарски тенисер собра 3.000 бода и од утре ќе биде шести светски рекет на најновата АТП ранг листа.