Од:

Маслото од канабис нема да го има во аптеките до септември

Маслото од канабис за медицинска употреба нема да се најде во аптеките во Македонија најмалку до септември, дознава НОВА од свои извори во Министерството за здравство. Причината за ова е што во ресорното министерство  заборавиле да испратат барање за дозвола до Бордот за наркотици во Виена, а без тоа не може да започне процесот на производство, како и продажбата на маслото во аптеките.

Неофицијално, информацијата ја потврдија и извори во компанијата која што доби дозвола да го произведува маслото за медицинска употреба. Од таму велат дека од кога ќе се добие таа дозвола потребни им се најмалку уште три месеци за да го адаптираат процесот на производство.

НОВА праша во Министерството за здравство дали е побарана дозвола од Бордот за наркотици во Виена,  за Македонија да започне со производство на маслото од канабис за медицинска употреба и доколку е побарана кога е направено тоа. До затварањето на овој текст не добивме никаков одговор од Министерството за здравство.

mz

Пред две недели од Агенцијата за лекови најавија дека маслото во аптеките ќе се најде по обуката на лекарите која ќе трае до крајот на јуни.

Претходно, министерот Тодоров најави дека маслото ќе го има во аптеките кон крајот на месец мај. Ваквите најави предизвикаа збунетост кај пациентите кои нестрпливо го чекаат маслото што за нив преставува голема надеж во лекувањето.

„ Имам карцином на белите дробови и секој ден прашувам во аптека кога ќе стигне маслото од канабис кое го најавија надлежните во здравството. Тогаш многу се израдував бидејќи не смее да се набавува на црно, а надлежните посочуваат дека не е сигурно што содржи во себе, изјави за НОВА, Б.С пациентка од Скоопје.

kanoil-e1465840175672

Во средината на јуни аптеките се појави масло од канабис кое може да се купи во слободна продажба. Овој препарат на база на канабис има помал процент на психотропна супстанца и се користи како додаток на терапијата со лекови. Освен хранливата вредност има одредени лековити својства, но овој препарат по состав се разликува од оној кој ќе се издава на лекарски рецепт, односно од маслото за медицинска употреба.