Од:

Маслото од канабис со ТХЦ од понеделник во аптеките

Маслото од канабис за медицински цели од понеделник ќе може да се купи и во Македонија, но само со лекарски рецепт. Македонската агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) ја одобри цената на двете нови масла од канабис: Канобил Канц 300 и Канобил Канц 600, која беше предложена од производителот РеплекФарм и веќе е започната дистрибуција низ аптеките.

Послабото масло, Канобил Канц 300 ќе се продава по цена од од 5.544 денари, а Канобил Канц 600 по цена од 9.240 денари.

Едниот препарат содржи 300 милиграми ТХЦ+ 300 мг ЦБД во пакување од 120 милилитри, додека другиот има 600 мг ТХЦ+ 600 мг ЦБД во пакување од 240 милилитри.

Користењето на овие масла на рецепт е одобрено за четири болести: рак, мултиплекс склероза, СИДА и епилепсија.

Според законските одредби, ова масло од канабис ќе може да го препишуваат невролози, инфектолози, радиолози и онколози.

Лекарите имаа обука за тоа како да го препишуваат препаратот.