Од:

Мажите во Мадрид веќе не смеат да седат во автобус со раширени нозе

Шпанскиот главен град Мадрид воведе забрана, мажите во јавниот транспорт да седат со раширени нозе.

Во возовите и автобусите започна поставувањето на знаците на кои се укажува дека ваквиот начин на седење е неприфатлив. Овој знак се поставува веднаш до останатите, кои означуваат забрането пушење, јадење, фрлање отпадоци и ставање на нозете на седиштето.

Овој потег е реултат на повеќемесечната кампања на група жени познати како „ Mujeres en Lucha“, кои  организираа протести и поттикнаа петиција #MadridSinManspreading.

Хаштагот веднаш привлече големо внимание на социјалните мрежи и стаса до градоначалникот и регионален претседател.

Во петицијата се наведува дека, седењето на мажите со раширени нозе во јавниот транспорт им го зазема просторот на другите до нив.

-Често може да видите како жените седат стеснето и многу неконфорно, бидејќи мажот што седи до нив им го зазема просторот, пишува во петицијата.

Во април ова прашање стаса до владино ниво кога партијата ЦУП започна национална кампања, во која овој проблем го опиша како „демонстрација на мачоизам и микро агресија што може да предизвика некој да се чувствува неконфорно“.

Мадрид всушност го следи примерот на Њујорк, еден од првите градови кој застана против седењето со раширени нозе во јавниот транспорт уште во 2014 година. Нивната кампања „Другар, те молам престани да се шириш“, за градското метро доби широка поддршка, а њујоршката полиција други и ги апсеше оние кои одбиваа да го почитуваат ова правило.