Од:

Медитеранска плажа со палми ќе никне во Лагадин

Ова лето охридската населба Лагадин ќе добие медитеранска плажа.

Според Министерството за транспорт и врски, на оваа плажа ќе има повеќе палми во целата нејзина должина се со цел да се долови амбиентот на плажите од медитеранските земји.

Но тоа не е се. На плажата ќе има зелени тревници, сервисен пункт, два шанка, два тоалети, тушеви и гардероба, ќе има лежалки и чадори за да се заштитите од сонцето, игралиште за децата, во езерото ќе има две дрвени платформи, место каде ќе можат да се оставаат чамци, ќе има и педалини но и јарболи со државно знаме, клупи, информативни таблоа, спортски игралишта итн. Сето тоа ќе биде сместено во должина од 500 метри.

Проектот ќе чини 75 милиони денари, а плажата ќе биде готова во август летово. Плажата Лагадин ќе почнува од хотелот „Два бисери” и ќе се протега на простор од 500 метри во насока на Пештани.