Од:

Михаилов: Граѓаните на Охрид ја почитуваат работата на ВМРО ДПМНЕ

Со развиорени знамиња и со прослава на градскиот плоштад и низ улиците на Охрид, ВМРО ДПМНЕ прослави и прогласи победа и во Охрид. Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов рече дека Охрид е ВМРО-вски град.

“Охрид е ВМРО-вски град. Во Охрид се покажа дека постои голема демократска свест и дека граѓаните знаат да го ценат трудот, работата и знаат да ги ценат успешните. Во мирни, фер и демократски избори и без ниту една забелешка од избирачките места со записници кои се перфектно чисти заврши изборниот ден.

– Ова е пример кога изборните резултатите претставуваат одраз на волјата на охриѓани. Ова е резлтат на искреното работење, кое граѓаните на Охрид знаат да го ценат. Резултатите покажуваат дека граѓаните на Охрид се определија, дека ја почитуваат работата на ВМРО ДПМНЕ и одлуките и работата на оваа Влада“, рече Михаилов.