Од:

Милошоски: Заев повика на државен удар, народот ќе се спротивстави

Ова е повик за државен удар со паралелен парламент, и за тоа аболицираниот Зоран Заев е спремен да ги замолчи пратениците, рече пратеникот на ВМРО ДМНЕ Антонио Милошоски, на прес конференцијата во Собранието, по онаа на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-Заев е силно уценет од странски чинители и нарко структури кои му помагаат цело време. Затоа тој сега бара формирање параинституции без трунка совест. Повикот за нелетимен избор е повик за конфликт и државен удар, рече Милошоски, кој на барање на новинарите да објави детали за ова, одговори дека до тоа може да се дојде со како што рече „истражувачко новинарство“ од се што десега е објавено.

Тој повтори дека решение се нови избори.

-ВМРО ДПМНЕ ќе се бори со сите демократски средства ќе ја брани државата и народот, и уште поодлучно институциите,  колку и да му пречи тоа  на аболицираниот Заев, само за да избегне политичка одговорност. Тие се заложници на афери кои ќе се отворат подоцна но Македонија нема да биде заложник, затоа бараме што поскоро парламентарни избри заедно со локалните избори.Ние сме народни избраници и зборуваме во име на народот. Решение се избори и кризата ќе биде зад нас, рече Милошоски.